Никол, Марго и Шарлиз одржаа лекција по стил на премиерата на „Bombshell“

14 октомври 2019

Еден од најочекуваните филмови во Холивуд е дефинитивно „Bombshell“, чија прва проекција зад затворени врати се одржа викендов.

Покрај добрата приказна, она што е интересно во однос на филмот е тоа што се појавуваат некои од најдобрите актерки на денешницата кои истовремено се неверојатни стилски икони.

Станува збор за Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон кои ги толкуваат трите главни улоги во филмот на кој му претстои блескава иднина.

На проекцијата на филмот тие пристигнаа во едноставни, но стилски и супер впечатливи стајлинзи кои се како создадени за оние моменти кога сакате да блеснете.

Прекрасната 52 годишна Никол за пригодата одбра елегантен бел костим во комбинација со црно – бела кошула на пруги и впечатливи чевли во темно жолта нијанса.

Подеднакво шармантна во бело беше младата Марго Роби која зад себе има огромен број филмски хитови, а позната е по одличните комбинации и беспрекорниот стил.

Овојпат, таа носеше бел комбинезон од нежен лен со длабоко деколте и едноставни црни сандали на висока потпетица.

Во најдобро издание вечерта се појави секогаш прекрасната Шарлиз Терон која овојпат комбинираше плисирано здолниште во темно кафена нијанса со долго црно палто кое дополнително го истакна со тенок ремен на половината.

Таа беше исклучително впечатлива и со нејзината нова фризура која и прилега подобро од кога и да е, а со истата докажува дека секогаш е подготвена за храбри промени без разлика на годините.

Инаку, официјалната премиера на филмот е закажана за 20 – ти декември, точно пред објавата на номинациите за сите филмски награди.

Истиот, раскажува вистинска приказна за падот на медиумскиот могул Роџер Ејлс поради скандалот за сексуално вознемирување во ТВ мрежата „Fox News“.

Инфо и фото: Daily mail

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.204 пати