Нив ги спои љубовта... и модата

13 февруари 2014

I-love-fashion

Дизајнери, новинари, блогери, модели и фотографи, овие двојки се вљубија работејќи во модната индустрија. Некои имаат заеднички бизнис, додека другите сакаат да ја одвојат работата од приватноста.

Во продолжение еве некои кои ги поврзува љубовта и/кон модата.

Саша Пивоварова и Игор Вишнаков

1

Убавата манекенка и фотографот ја открија својата заедничка љубов - љубовта кон современата ликовна уметност, кои и двајцата ја создаваат во својот дом во Вилијамсбург.

Том Форд и Ричард Баклеј

2

Се запознаа кога Том работеше за Гучи, а Ричард беше главниот директор на Dior Homme. Дваесетипет години подоцна станаа горди родители на малиот Александар.

Џастин О'Шеј и Вероника Хајлбрунер

3

Џастин е омилена street style мета, како и неговата поубава половина, Вероника. Во паузите од позирање на улиците на модните мека, Џастин е „бајер“ за онлајн шопот My Theresa,  а Вероника е модна уредничка на истата страница.

Макс и Лубов Азриа

4

Тие работат со полна пареа, затоа што треба за секоја сезона да осмислат три линии - Max Azria, BCBG и Herv Leger. Лубов работи во продажба, а Макс е креативен. „Ние сме одлична комбинација. Макс е визионер, а јас повеќе сум насочена кон деталите. Тоа е совршен баланс“, вели гордата Украинка Лубов.

Инез ван Ламсверд и Виндот Матадин

5

Се запознаа на Вог академијата за моден дизајн во Амстердам. Така, првин се занимаваа со моден дизајн, а потоа направија револуција во модната фотографија. Оваа деловна и љубовна двојка е заслужна за мноштво иконични модни фотографии и едиторијали.

Дејвид и Викторија Бекам

6

Таа е пејачка, а тој популарен фудбалер. Така изгледаа нивните првични насоки и кариери. Со селењето од Лондон во Њујорк, Дејвид „доби“ тетоважи и стана позгоден од било кога, па дизајнираше и неколку колекции за долна облека, а Викторија стана една од најдобрите дизајнерки на модната недела во Њујорк.

Џек Мекола и Лазаро Хернандез

7

Овие имиња се позвучни кога пред нив ќе се стави дизајнерскиот бренд Проенца Скулер. А како функционира модната врска на работа? „Дизајнитаме во сива бојам затоа што јас сакам бела, а Лазаро црна. А ниту еден од нас не сака сива, што е малку чудно, на метафоричен начин“, изјави во една пригода Џек и додаде дека тие не се единствената двојка во нивната фирма. Неговата шефица Ширли Кук и неговиот брат се во врска веќе шест години.

Исабел Марант и Џероми Дрејфус

8

Таа е популарна street chic дизајнерка, а тој создава неверојатни чанти. Но, никогаш нема да направат заедничка колекција. Се запознале на сосема необичен начин - телевизиско шоу, каде Џероми седел помеѓу Инес де ла Фресанж и Исабел и денес се шегуваат на сметка на тоа, дали ја одбрал вистинската жена.

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Сцена