Норт Вест уште од пелени ќе носи дизајнерски парчиња

4 октомври 2013

Голем број дизајнери испратија пакети полни со облека намети за Норт Вест, а Ким секако не би ја пропуштила шансата да направи фотографии и да ги објави на социјалните мрежи.

Ќерката на трендсетерите доби поклони од голем број модни куќи како што се: Александар Меквин, Ланвин, Селин, Мартин Марџела и секако Живенши маица која  ја испрати лично Рикардо Тисци кој и приватно е близок со Кардашијан. Пакетите биле полни со пораки од дизајнерите кои им честитале на Ким и Канје и истакнале дека се радуваат за раѓањето на Норт Вест.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Сцена