Ким Кардашијан, годините наназад, беше неизоставен дел од секоја Мет Гала, заедно со сестрите. Сепак годинава голема е веројатноста дека кланот Кардашијан нема да се појави на гламурозниот настан.
Имено, како што се пишува по медиумите, семејството сè уште не добило покана да присуствува на годинешната Мет Гала.
Доколку гласините се точни, ова ќе биде прв пат Ким да не се појави на настанот по една декада.
Таа беше првата од семејството што присуствуваше на церемонијата, како придружба на тогашниот сопруг Кајне Вест, додека беше бремена со нивното прво дете, Норт Вест.
Кланот Кардашијан е присутен речиси на секој настан и црвен тепих, па ќе биде невообичаено доколку отсуствуваат од Мет Гала 2023.
Додека Ким била секогаш во центарот на вниманието со нејзиниот стајлинг, Клои и Кортни за прв пат се појавија на манифестацијата минатата година.
Годинешната Мет Гала ќе оддаде посебна почит на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд.
Фото: Pinterest