Кланот Кардашијан изостанува од листата гости на Мет Гала. Дали Винтур ќе попушти?

7 април 2023

Долгоочекуваниот настан Мет Гала, којшто важи за еден од најголемите модни случувања во светот, ќе се одржи на први мај.

И додека ѕвездите на големо го подготвуваат својот стајлинг, тензиите помеѓу кланот Кардашијан и Ана Винтур продолжуваат.

Откако Ким лани се појави во фустанот на Мерилин Монро и крена голема прашина, уредничката на Вог изгледа не сака истото да се повтори.

Засега ниту Ким, ниту било кој друг од фамилијата не се ставени на гостинската листа и покрај тоа што ријалити ѕвездата, веќе со години присуствува на галата.

Според тамошните медиуми, минатата година Кардашијан привлекла премногу внимание и контроверзии со фустанот, со што го "дефокусирала" настанот.

Од Вог засега не коментираат во врска со ова, освен тоа дека Винтур, годинава сакала малку да ја скрати листата, односно да ја направи Мет Гала поексклузивна.


Сепак има и медиуми што велат дека семејството Кардашијан е покането само што не е потврдено кој ќе присуствува.

Дали Ана конечно ќе ја реши дилемата или ќе треба да го чекаме први мај останува да видиме.

Фото: Pixabay

Објавено:
7 април 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
539 пати