Валентино, Ирис ван Хeрпен, Аугусто Манзанарес се само дел од потписите кои стојат на парчињата висока мода во најновиот спот на дивата Џенифер Лопез. Песната е долго најавувана, а го носи името In the Morning. Видеото беше објавено вчера од страна на Џеј Ло, на платформата Triller, а претставува триминутно парче рај од висока мода.
View this post on Instagram
„Изобилува со симболизам за темната страна на еднонасочната врска и сознанието дека не можете да промените никого… освен себеси. Дозволете да ви пораснат сопствени крилја и одлетајте што подалеку сите оние кои не го ценат она што го нудите.“ - напиша Џеј Ло на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Кога сме веќе кај крилјата, во оние делови од спотот каде не е гола со крилја на грбот во улога на ангел, носи неверојатни парчиња висока мода. Почнувајќи од пастелната тоалета со потпис на Ирис ван Хeрпен која ја носи на самиот почеток, кристалниот фустан на Аугусто Манзанарес во креветот до белата стегната тоалета на Марко Марко која совршено го истакнува нејзиното тело и гламурозната металик комбинација од топ на Греам Круз и здолниште на Левер Котур.
Но, веројатно најгламурозниот моден момент од кој застанува здивот и земјата престанува да се врти е оној пред крај, кога Џеј Ло се појавува во пердувеста креација на Валентино со кристална маска на Маријана Харутунијан.
Спотот можете да го погледнете на следниот линк.