Новите сандали на Бијонсе чинат 280.000 евра

4 август 2015

Популарната пејачка во последно време е на мета на јавноста. Првин причина беа и премногу сличните стајлинзи со Џеј Ло, а сега се новите сандали.

Нема сомнение дека може да си ги дозволи, но коментарите се дека дивата можеби овој пат малку се занела.

Се работи за обувки од House of borgezie Princess Constellation. Нивната цена од околу 280.000 евра се оправдува со 1.310 –те дијаманти што ги красат како и деловите изработени од 18-каратно злато. За нивна изработка биле потребни речиси две години, а само за аплицирањето на скапоцените камења биле потребни три недели.

Дизајнот е едноставен, имаат високи потпетици и ремчиња околу зглобот и прстите, секако од дијаманти и мала пеперутка од десната страна.

Производителот вели дека се неуништливи и дека се одлична инвестиција, како и било кое вредно парче.

Секој што ќе ги купи овие сандали добива гаранција на 1.000 години. Но тоа не е сè. Во истиот дезен можете да купите ремен и ѓердан. Нема потреба да се сомневате дека Бијонсе направи комплет, а за додатоците  плати дополнителни 78.000 евра.

Нашите модели ги купуваат богатите дами од Русија, САД и Дубаи, а во нив се чувствуваат како принцези – вели за „Дејли Мејл“, сопственикот на куќата, Крис Шелис.

Тој додава дека овие обувки се едни од најдобрите кои некогаш ги направиле и продале.

Инаку, како пренесува британскиот магазин, овие сандали пејачката ги купила за потребите за новиот спот, кој ќе го видиме со почетокот на есента.

Објавено:
4 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.478 пати