Лансирани нови парчиња накит од Заха Хадид

2 декември 2016

Брендот за накит „Georg Jensen“ објави дека ги пушти во продажба новите парчиња накит дизајнирани од Заха Хадид. Се работи за лимитирана колекција од осум парчиња, поточно прстени, изработени од 18-каратно жолто злато. Четири се во комбинација со дијаманти, а четири без.

Инаку, ова е дополнување на колекцијата која излезе во март месец, кога беа презентирани парчиња од бело злато, создадени под влијание на дел од најневеројатните архитектонски зданија на Хадид.

-Таа никогаш не успеа да ја види реализацијата на златната колекција, но можеме да кажеме дека таа беше многу заинтересирана за работа со овој метал. Околу две години се работеше на овој проект, а  во тоа време ние имавме потреба од тоа да имаме жена чија неверојатна визија ќе нè инспирира и тоа навистина беше така – вели Дејвид Чу извршниот директор на брендот.

Цената на новите парчиња се движи од 12.000 до 25.000 долари. Погледнете:

Објавено:
2 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
431 пати