На Ријана очигледно одлично ѝ оди во дизајнерските води. По презентирањето на колекциите за нејзиниот бренд, следеа соработките со „Пума“, „Маноло Бланик“, а сега и со брендот за накит „Шопар“.

Пејчаката овој пат учествуваше во создавањето на новите дизајни за обетки. Лимитираната едиција вклучува два сета обетки. Едните се изработени од 18-каратно бело злато, а украсени се со жолти и розови садири, дијаманти, рубини и аквамарин. Вторите се од стандардното злато, украсени со четири дијаманти и бисери.

Инаку, како додаток на колекцијата е и ѓерданот од 18-каратно розово злато и зелена керамика.

-Отсекогаш сум била вљубена во исклучително убавиот накит на „Шопар“ и сè уште не можам да верувам дека направив мини колекција со брендот. Процесот беше многу возбудлв и научив многу. Со нетрпение чекам да ги видам сите наши креации – вели Ријана.

Целата колекција ќе биде лансирана во лето 2017.

Објавено:
8 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
311 пати