Обожаваните и скандалозни музи на светските уметници

25 ноември 2013

Денеска е многу тешко светот да се замисли без Салвадор Дали, Пабло Пикасо или Енди Ворхол, а уште потешко е да се замисли уметничкото творештво без нивните бесмртни музи.

Денеска сакаме да ве потсетиме на некои од најинтересните и највпечатливите и често скандалозни музи на големите светски уметници.

Чичолина

Италијанската порно ѕвезда беше вистинска муза на еден од најсовремените американски уметници – Џеф Конс, за кој и се омажи во 1991 година. Тие добија и еден син, а веднаш потоа нивниот брак се распадна. На уметникот голема слава му донесоа скулптурите со него и Чичолина во разни пози.

Кики де Монпарнас

Алис Прин ја почна својата кариера многу рано – веќе во својата 14 – та година таа им позираше на бројни уметници и скулптори и набрзо стана кралица на париското боемство. Го доби името Кики де Монпарнас, а таа остави без здив многумина, како Ман Рej кој направи стотици портрети од девојката во 1920 – тите години.

Марија Тереза Волтер

Познанството на Пикасо и тогаш непознатата Марија Тереза Волтер се претпоставува дека почнало со следниве зборови: „Мадмоазел, јас сум Пикасо. Заедно можеме да направиме многу работи“. И тој бил сосема во прави, девојката го инспирирала да направи многу слики, но нивната приказна завршила многу трагично. Имено, Марија Тереза изврши самоубиство во 1977 година.

Еди Седвик

Музата на Енди Ворхол, позната по своето богатство, по дрогата, алкохолизмот и психичките болести. Таа се најде во многу филмови на славниот уметник, а животот го заврши во установа за ментално заболени лица. Нејзината убавина и шарм ретко кого оставаа рамнодушен.

Ли Милер

Уште како студентка, Ли живеела со познатиот уметник Ман Реј, а некое време потоа заминува за Њујорк каде се прославува како модел, фотограф и дописник на магазинот Вог.

Мадам Икс

Делото на Џон Сингер Сарџент, портрет од прекрасната Вирџинија Амели Авењо Готро, ги одушеви љубителите на уметноста, но го раздвои нејзиното семејство. Првата изложба во Парискиот салон заврши со неверојатен скандал поради, за тоа време, премногу разголениот модел.

Гала

Гала стана позната прво како љубовница на уметникот Макс Ернст, но ништо не и донесе толку голема слава како бракот со Салвадор Дали. Надреалистот ја забележи во мноштвото од својата работа, а според приказните таа вистински му го попречувала душевниот мир на Дали.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Сцена