Водич од книгата „The Granny Alphabet“ на Тим Волкер во соработка со Лоренс Минот и Кит Хескет-Харви.
Во очекување на доделувањето на музичките Греми награди, решивме да ви презентираме поинакви модни визии од совршените стајлинзи на бабичките (Granny) кои секако заслужуваат да добијат награда. Се работи за 10 номинации на стајлинзи, направени според водичот од книгата „The Granny Alphabet“ на Тим Волкер кој е вистински професионалец во изработка на модни фотографии. Тој заедно со илустраторот Лоренс Минот и писателот Кит Хескет-Харви направија епско табло кое ја оживува староста.
Книгата претставува омаж посветен на сите баби кои се достојно образовани, фатени во своите највпечатливи но и најбизарни пози. Првиот том содржи фотографии од Волкер направени во идентикит техника која се користи главно во крими лабораториите за откривање на идентитетите на криминалците за која беше задолжен Хескет-Харви, а во вториот том можат да се забележат карикатури на Минот. Овој проект е лансиран од Волкер во чест на неговата баба, и има хуманитарна заднина. Имено средствата од купените книги ќе бидат наменети на асоцијацијата која се грижи за постарите напуштени лица.