The Granny Alphabet – новата шармантна книга на фотографот Тим Вокер

28 октомври 2013

Новата книга на модниот фотограф Тим Вокер – The Granny Alphabet, го слави непобедливиот дух на „старите слатки дами од соседството“.

Во книгата тој објаснува дека во животот имал многу голема среќа да ги запознае и двете негови баби кои биле исклучително модерни и шармантни.

Вели, „се сеќавам на мојата баба Кетлин која знаеше да облече волнено палто над нејзиниот прекрасен, лелеав фустан во беж боја во комбинација со модерни, кожени ракавици што секогаш и одговараа со нејзините чанти од крокодилска кожа“.

„Нејзината куќа беше полна со часовници, многу добро се сеќавам на тоа. Се сеќавам на силните отчукувања од часовникот додека баба ми ни читаше приказни на терасата пушејќи ја својата цигара“, раскажува Вокер во книгата.

Во книгата, тој пишува за неговите баби и го објаснува детството поминато во нивните домови, доловувајќи ни ја атмосферата на начин на кој што само тој умее да раскажува.

„Пред куќата на мојата баба имаше едно дрво со лимони и јас сакав да поминувам часови играјќи си блузу до него и барајќи детелинка со четири листа. И така, еден ден ја најдов и баба ми ми кажа дека оттогаш ќе ме следи голема среќа...но, јас веќе бев среќен“, пишува Вокер во книгата.

Во продолжение уживајте во уште еден исклучителен извадок од неговата најнова книга.

„Важноста на среќата ја научив од мојата друга баба, мајката на мојата мајка, Луи. Еден ден таа не одведе мене и брат ми на прошетка на југоисточниот брег на Англија. Во еден момент додека таа разговараше со татко ми за некои важни работи, јас и брат ми си игравме на работ од една страшна карпа. Во еден момент се најдовме како се спуштаме по опасните карпи барајќи ги марамчињата што претходни ги испуштив. Кога баба ми не здогледа, почна да вика по нас, но на крајот само слатко се насмевна, како што таа знаеше тоа да го прави, и ни рече: Подобро да се родиш среќен, отколку богат...“.

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Актуел