Оливија Палермо раскошна и во пустина

11 март 2015

Една од најстилските дами на денешницата, Оливија Палермо е главна ѕвезда на насловната страна на мартовскиот број на магазинот Emirates Woman. За нејзиниот прв едиторијал за ориенталниот Среден Исток, Палермо го носи сиот свој раскош во Дубаи.

Во егзотичното пустинско опкружување, Палермо изгледа неодоливо носејќи сафари здолништа и луксузни фустани од Ралф Лорен, Ланван и Оскар де ла Рента како и богат накит од Картие.

Со оглед на фактот дека куповната моќ на таргет групата од овој дел на светот е се поголема, не е чудно што дизајнерите, модните куќи и воопшто целата модна индустрија се фокусира на овој пазар, со адаптација на своите производи на традицијата и културата на ориентот.

 

Објавено:
11 март 2015
Категорија: 
Сцена