Осумте фраерки на Оушн во Лас Вегас

25 април 2018

Дел од филмскиот свет беше дел од „Warner Bros CinemaCon“ кој се одржи во Лас Вегас. Во рамки на настанот се појавија и дел од актерките од остварувањето кое премиерата ќе ја има овој јуни, „Осумте на Оушн“.

Тие одржаа презентација,а со својата појава го привлекоа вниманието на медиумите. На презентацијата присуствуваа шест од осумте актерки што ќе ги гледаме наскоро на големите екрани.

Минди Калинг, Ен Хатавеј, Сара Паулсон, Авквафина, Сандра Булок и Кејт Бланшет блеснаа вчеравечер и уште повеќе ја разгореа љубопитноста кај публиката.

Шесте актерки се појавија во впечатливи модни комбинации, со што останаа доследни на стилот кој го применуваат и во остварувањето, а за што говорат и најавните видеа.

Кејт се појави во брокатно одело во златно-беж нијанса. Сандра Булок пак, се одлучи за црни тесни панталони, сандали и горен дел во форма на кимоно, кое се врзува со панделка во делот на половината.

Сара Паулсон се одлучи за сјајен златен фустан со металик сјај. додека изборот на Ен Хатавеј беше долг бел фустан со украсни камчиња во различни бои.

Минди Калинг се појави во црно-бел фустан со тантела, додека Авквафина се одлучи за одело на риги.

За потсетување, премиерата на филмот е закажана за осми јуни, а ако не сте го погледнале новиот трејлер, тоа можете да го сторите ОВДЕ.

 

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
664 пати