Ова се 20-те најубаво облечени жени од модниот свет

24 август 2013

Фоторгафиите направени надвор пред  местата на модните збиднувања или поточно модните недели, се сигурен знак за една работа, дека уличниот стил постојано станува растечки феномен. И сезона по сезона, може да сметате дека елитна група од модни „зависнички“ ќе ги донесат трендовите, дури можеби и повлијателно од она што се презентира на писта.

Тие се едни од најмоќните жени, било тоа да е Ана дело Русо со нејзините уникатни додатоци, лукавата естетска мешавина на Тејлор Томаси Хил, секогаш пленат без разлика што носи постоечкиот тренд. Тие се модни уреднички,трендсетерки и дефинитивно модни миленици на многумина. Во продолжение преку нивниот стил запознајте ги подобро 20-те најдобро облечени жени во модната индустрија.

Објавено:
24 август 2013
Категорија: 
Сцена