Популарната корејска група Blackpink руши рекорди на Youtube со последното објавено видео кое само три дена по објавата беше погледнато 100 милиони пати, а денеска има 144 милиони прегледи.
Истото за само 24 часа од објавувањето е прегледано 56.7 милиони пати, со што стана најгледаната премиера на музичко видео во историјата на Youtube.
Видеото за песната „Kill this love“ која е првиот сингл од нивниот нов мини – албум, во еден момент го гледале дури еден милион луѓе ширум светот, со што го поминаа рекордот на Ариана Гранде чија премиера на „thank u, next“ во еден ист момент ја гледаа 829.000 милиони луѓе.
Успесите на видеото и песната се подеднакви и на iTunes каде нивната песна за многу кратко време се најде на првото место со што станаа првата корејска група што го има постигнато тоа.
Инаку, Blackpink е група составена од четири девојки кои се дел од YG Entertainment, една од најголемите корејски продукциски куќи.
Откако се појавија на музичката сцена во 2016 – тата година, тие за кратко време ја освоија Азија, а сега нивната музика се шири и кон Америка каде многу наскоро ќе ја имаат и првата турнеја.
Со тоа, Blackpink ќе биде втората корејска поп група после BTS која заминала на турнеја низ Америка.
Инфо, фото: Techcrunch, YG Entertainment, Amazon.com