Најновата кампања на шведскиот гигант H&M е во знакот на четири модели кои се повеќе од само убави модели, односно Џордан Дан, Надја Бендер, Суи Хе и Андреа Диакон.
Џордан Дан, 24 години
Оваа британска манекенка била откриена додека пазарувала во продавница во Лондон, а моментално покрај Кара Делевињ, таа е една од најбараните манекенки во светот. До сега била дел од кампањите на Баламан, Барбери, Ив Сен Лоран, Келвин Клајн и други. Малкумина знаат дека Џордан има свое кулинарско шоу „Well Done with Jourdan Dunn“. Нејзин идол е Бијонсе која ја смета за пример како треба да изгледа една моќна жена, а истовремено да биде пример за помладите девојки.
Надја Бендер, 23 години
Оваа данска манекенка била откриена на Фејсбук пред три години, а по првата ревија за Александар Ванг во 2012 година, беше дел и од модните шоуа на Фенди , Клое, Шанел, Балман и Гучи. Нејзиниот стил е лежерен, а Надја е одличен играч на „бекамон“, игра која потекнува од стариот Египет.
Суи Хе, 24 години
Оваа швајцарска манекенка со кинеско потекло има кристално бел тен и етерична убавина која и придонесе да сними голем број козметички кампањи. Таа е една од избраничките на Лагерфелд, ја обожава Карин Ротфилд и и претставува особено задоволство да соработува со неа.
Андреа Диакон, 23 години
Оваа романска манекенка долго пред Кара ги испромовира дебелите веѓи и до сега има работено кампањи за Селин, Клое, Гучи и Ралф Лорен. Тоа што е всушност уникатно кај Андреа е дека покрај тоа што е убава, таа е и паметна и е единствена манекенка која зборува шест странски јазици.