Перо Антиќ е личност на годината според Fashionel

31 декември 2014

Првиот и едниствен македонски кошаркар во НБА - лигата и поранешниот репрезентативец, Перо Антиќ е личност на годината според Fashionel.

Селекцијата која ја направи нашиот моден портал се заснова на фактот дека Перо Антиќ изминатава година беше наш неприкосновен амбасадор во спортот и достојно застана зад националните бои.

Благодарение на одличната игра, Антиќ беше избран за еден од учесниците на „ол стар“ викендот на натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“, што се одржа на 14. февруари.

Во сезоната 2013-2014 има одиграно 50 натпревари за тимот на Атланта Хокс и има постигнато вкупно 352 поени. А во сезоната 2014-2015 веќе има одиграно 24 натпревари и постигнато 131 поен.

10884880_10204481206043691_1560578547_n

10893897_10204481206083692_235770820_n

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
31 декември 2014
Категорија: 
Сцена