Петнаесетгодишно момче е победник на шоуто „The Voice“

18 декември 2020

Младиот пејач Картер Рубин е победник на 19 сезона на американското издание на музичкиот натпревар „The Voice“. Тој има 15 години и е најмладиот машки победник во историјата на шоуто.

Негов ментор беше Гвен Стефани (51) со која ѝ настапи на финалната вечер. Тие заедно ја испеаја песната „You Make It Feel Like Christmas“, а Гвен за тој настап беше облечена во креација на Кристијан Сиријано, која потсетуваше на новогодишна елка, што ѝ било целта.

„Зборовите сами ќе дојдат после, сега можам да речам само благодарам“, изјави победникот.

Ова е прв пат во последните пет години од музичкиот натпревар да победи кандидат кој е под менторство на Гвен Стефани.

„Господе, победивме. Ова е лудо. Се обидуваме да сфатиме што се случи! Го победив Блејк Шелтон во „The Voice“', се пошегува Стефани.

Поради мерките на заштита околу пандемијата, Картер и Гвен не смеле да се гушнат при прогласувањето на победникот.

„Беше тешко. Но, имавме „воздушна“ прегратка. Иако не можевме да се прегрнеме, остваривме одлична поврзаност во текот на целото искуство. Не можам да бидам повеќе благодарен од ова што сум“, вели младиот Картер.

Во продолжение погледнете ги сите негови настапи во шоуто во текот на оваа сезона:

 

Објавено:
18 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
252 пати