Можеби 2001 ви изгледа како да била вчера, но оттогаш се поминати 19 години. И ете толку се во брак актерот Пирс Броснан и новинарката Кели Смит.
Веќе сме пишувале за нивната љубовна приказна и како Кели му ја враќа вербата во љубов и живот. За тоа дека чувствата не бледеат, покажаа и последните пораки кои си ги разменија на Инстаграм и со кои си ја честитаа годишнината од брак.
View this post on Instagram
„Среќна годишнина. Кели, моја кафеноока девојко, ако заостанувам, чекај ме, како и секогаш, љубов моја“, напиша Пирс, споделувајќи фотографија од свадбата.
„Ти си најдобрата, најнежна и најдрага личност која некогаш сум ја запознала. Среќна годишнина. На крилјата на љубовта, времето лета“, беше одговорот на Кели.
View this post on Instagram
Инаку, двајцата се запознаваат во Мексико, каде Кели доаѓа да му прави интервју.
„Ме маѓепска. Висок, црн, згоден... Имаше нешто што прави веднаш ве привлекува кон негого. И тој некој сјај во очите“, се присети во едно интервју новинарката.
Двојката е заедно 26 години, а имаат два сина, Дилан и Парис.