Сосема очекувано и повеќе од заслужено, прекрасната ќерка на холивудскиот шармер Брус Вилис и актерката Деми Мур, Румер Вилис и нејзиниот партнер Валентин Чмерковски се годинешните победници на шоуто „Танц со ѕвездите“.
Нивниот последен танц во шоуто буквално ја крена целата публика на нозе, а особено среќни беа родителите на Румер, Брус Вилис и Деми Мур кои за време на фантастичниот танц и победата на нивната ќерка, не можеа да ги задржат солзите.
Румер и Вал добија највисоки оценки од сите четири судии во шоуто, што впрочем беше случај и во текот на целата сезона.
„Целиот живот се плашев дека ако пробам нешто ново, нема да успеам, но ти не дозволи тоа да се случи. Никогаш во животот немав некој кој верува во мене на начинот на кој ти веруваше“, рече Румер пред почетокот на финалето, посветувајќи му ги овие зборови на партнерот Валентин.
Во текот на целата сезона, двајцата покажаа исклучителен талент и најважно од сѐ, желба за да продолжат понатаму и со голем труд да стигнат до финалето, што на крајот и се случи.
Во продолжение, погледнете го последниот танц на победниците на годинешното издание на шоуто „Танц со ѕвездите“.