Најавуваниот серијал „Првата дама“ односно „First Lady“ својата премиера ќе ја има на 17 април, а неодамна беше објавен и првиот трејлер.
Во него ги видовме трансформациите на Вајола Дејвис во улога на Мишел Обама, Џилијан Андерсон како Еленор Рузвелт и Мишел Фајфер како Бети Форд.
Серијата, која уште неприкажана буди голем интерес кај публиката, ја прикажува американската историја низ очите на истакнатите жени во политиката. Акцент е ставен на моментите од Белата куќа во која биле донесувани некои од најважните одлуки сокриени од јавноста, а зад кои стојат токму првите дами на САД.
Дејството ќе ги следи и патувањата, личниот и политички живот на дамите. Во првата сезона ќе се прикажуваат посочените три американски први дами, а планирани се неколку сезони.
Публиката коментира дека изборот на актерки е одличен и дека нивните трансформации сосема соодветствуваат со дамите кои ги толкуваат.
Што мислите вие?