Погледнете го плакарот на една од најпознатите светски блогерки!

22 јануари 2015

Секогаш одличните The Coveteur имаа единствена можност да „ѕирнат“ во плакарот на една од најомилените светски блогерки Тави Гевинсон и таа сосема ги оправда нашите очекувања!

Покрај одличниот стил, таа му е омилена на светот и поради нејзината едноставност, но и неверојатна амбициозност и истенчен вкус за секогаш уникатни парчиња.

Се чини дека интелектуално, таа е многу далеку од нејзината генерација – обожаватели на селфи фотографии.

Во нејзиниот плакар ќе најдете златни Шанел чизми како подарок од култната вокалистка на Fletwood Mac, Стиви Никс, потоа Одри Хепберн ракавици што ги добила на подарок од Винона Рајдер и секако, многу дизајнерски парчиња испратени од самите дизајнери.

Ова се само дел од скапоцените парчиња во нејзината импресивна и уникатна колекција облека.

Во плакарот сместен во новиот њујоршки стан што Тави го дели со нејзината цимерка, славната фотографка Петра Колинс, ќе најдете и раскошни и луксузни парчиња мебел, почнувајќи од старите рустични полици, големиот број фотографии, но и романтичните исцртани ѕидови.

Тави е и горда сопственичка на импресивна колекција накит составена од бројни колоритни алки што таа ќе ги посочи како нејзини омилени.

Во продолжение, погледнете дел од фантастичниот стан на младата блогерка и нејзините омилени парчиња облека, доживеани преку призмата на уникатните The Coveteur.

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Сцена