Попи Делевињ – фантастична девојка без ниту една грешка во стилот!

8 септември 2014

Попи Ангела Делевињ е родена на 15 – ти Септември 1886 – тата година во Лондон, Англија. Откако во 2008 – та година за прв пат потпиша договор со модната агенција Storm Management, таа е една од најбараните и нјаплатените модели на денешницата. До нејзиното неверојатно витко тело, совршената коса и кожа и сината боја на очите, таа е една од омилените модели на светските дизајнери.

Меѓу многуте на чии ревии таа се појавила, се и Луј Витон, Алберта Ферети, Џулиен Мекдоналд и уште многу други. Освен тоа што таа е одлична манекенка, нејзиниот уникатен и секогаш беспрекорен стил уште откако се појави во 2008 – та година, го копираат милиони девојки ширум светот.

Она што апсолутно фасцинира е дека таа ниту еднаш нема направено ниту една грешка во нејзините комбинации, односно успеава да го спои и најнеспоивото и секогаш да изгледа како вистинска трендсетерка.

Во 2011 – тата година, таа стана амбасадорка на Британскиот моден совет, а претходно и на нејзините омилени Шанел, со што почна да патува низ различни земји од светот со цел да ги подржи и промовира неверојатните таленти со кои располага Британија. Еден од нејзините омилени дизајнери е одличниот и уникатен Метју Вилијамсон со кого таа е и блиска пријателка, но и негова муза.

Во Октомври 2012 година, нејзиниот долгогодишен партнер Џејмс Кук ја побара за жена на уникатен начин, односно со специјална изгравирана Ана Хиндмарх кутија за накит во која се наоѓаше и прстенот за прекрасната Попи.

Овој мај, таа му го кажа судбоносното „Да“ на нејзиниот избраник во совршена Шанел венчаница во која таа изгледаше навистина единствено. За нејзината втора свадбена церемонија во Мароко, Попи се одлучи за флорален фустан од колекцијата на Емилио Пучи во кој таа изгледаше како излезена од бајките.

Инаку, таа е сестра на, во моментов една од најактуелните и најбарани модели на денешницата, Кара Делевињ со која мораме да признаеме дека имаат тотално различен стил и гледишта кон животот.

Во продолжение, доколку досега не сте имале можност да погледнете некои од одличните комбинации на Попи, направете го истото задолжително, бидејќи таа е уникатен и непресушен извор на инспирација.

Објавено:
8 септември 2014
Категорија: 
Сцена