Поранешна балерина жари и пали на модните писти, а има „само“ 68 години!

31 октомври 2013

 

Евелин Хол од Хамбург веќе три години ги воодушевува фотографите и модните креатори и е една од најбараните манекенки во Германија. Меѓутоа ова не би било ниту малку чудно и необично, доколку овој модел немаше неверојатни 68 години.

 

 

„Станав манекенка, благодарение на Тед Лин, кој е сопственик на модната агенција, која ме повика да бидам дел во една ревија. Се појавив на писта, и мојата појава одекна во секоја смисла на зборот. Почнаа да ми пристигнуваат понуди од познати фотографи. Одеднаш станав манекенка“, вели шармантната Евелин која е балерина по професија.

 

 

Иако нејзиното тело е еластично и мобилно, сепак годините кои ги носи оставаат видливи траги на нејзиното лице, феномен кој таа го прифаќа како многу нормален и воопшто не и смета процесот на стареење, а во креми против брчки не верува.

 

 

„Медицинските препарати не можат да ни ја вратат младоста, тоа процес кој изминал, животна етапа која нема да се врати“, изјави Хол.

 

 

Во однос на нејзините идни планови наведува дека ќе прекине со нејзините манекенски ангажмани, бидејќи подготвува свое шоу, а нејзината автобиографија неодамна беше објавена и промовирана во Берлин.

 

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Сцена