После 40 години групата „Аbbа“ има нови песни

3 септември 2021

Речиси 40 години поминаа од распаѓањето на групата „Abba“ една од најпопуларните што некогаш постоеле. Нивните песни се уште се слушаат, дури и новите генерации знаат кои се „Abba“.

На изненадување на многумина, вчера објавија две нови песни „I Still Have Faith In You“ и „Don't Shut Me Down“, со кои најавуваат нов албум и концерти.

Веќе неколку години се шушкаше и најавуваше нов алубм, но никогаш конкретно и во целост. 

Ако сте љубител на групата и нивната музика, тогаш оваа информација ќе ве радува. Иако првично биле планирани само посочените две песни, на крајот „тргнала“ креативноста и сега имаат цел албум кој се вика „Voyage“. 

Содржи 10 песни, а официјално ќе биде претставен на 5 ноември.

Во медиумите претходно имаше информации дека групата во 2000 година одбила милијарда долари за камбек турнеја. Но, сега најавија концерти во Лондон кои ќе почнат од 27 мај. За концертот се гради и посебен стадион во источен Лондон. 

Од групата велат дека немаат намера да се натпреваруваат со сегашните трендови или изведувачи, посочувајќи дека нивните нови песни се во склад со музиката по која публиката ги знае. 

Сепак, она што е веројатно разочарувачки е што на концертот нема да настапат Агнета, Бјорн, Бени, ниту пак ЕН Фрид, туку нивните аватари или како што ги нарекуваат „абба-тари“.

За нивното креирање била ангажирана компанијата на Џорџ Лукас, а работеле дури 850 луѓе. На сцената ќе има и бенд составен од 10 члена, а се' ќе се одвива во живо.

Во продолжение слушнете ги двете нови песни:

 

 

Објавено:
3 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
605 пати