Како настанаа дигиталните костими за холограмската турнеја на ABBA?

7 јуни 2022

Култниот шведски бенд повторно е на турнеја – но, овојпат дигитална во облик на аватари кои на сцена од иднината го враќаат минатото.

ABBA се распаднаа во 1983 година и никој не очекуваше дека некогаш повторно ќе ги види заедно, особено не на турнеја. Но, 39 години подоцна Бени (75), Агнета (72), Ани-Фирд (76) и Бјорн (77) повторно се заедно на сцената, иако овојпат благодарение на напредната технологија и нивните дигитални аватари.

Идејата за ABBAtars ја соопштија во 2017 година, а конечно после пет години и се реализираше. Со концерт во Лондон на 27 мај започна патувањето на кое се сретнуваат минатото и иднината, насловено „Abba Voyage".

Аватарите облечени во препознатливите диско костими повторно ги оживејаа емоциите и доживувањето на публиката и ги споија генерациите.

Како се изработуваа дигиталните костими за аватарите?

Ова дигитално и револуционерно шоу изгледа навистина веродостојно, за што голем удел има и дигиталната костимографија. Па тука се наметнува едно интересно прашање, како настанаа костимите?

На нивниот дизајн работеле дизајнери од цел свет.

Целиот проект настанал во соработка со компанијата „Light & Magic", која овозможи аватарите да изгледаат реалистично, исто како членовите на бендот во најдобрите времиња.

Костимографката Беа Акерлунд која дизајнирала и за Ријана, Бијонсе и Лејди Гага, смислила дизајн што реферира на естетиката од „нивното" време, а истовремено имплементирајќи ја и модерната дигитална технологија.

Како симбол на оживување на легендарниот бенд, таа го одбрала фениксот што се појавува како мотив на четирите костими што ги изработи индискиот дизајнер Маниш Арора.

Светкавите костими пак, во кои се појавуваат аватарите на промо визуелната турнеја, ги креираше грчкиот дизајнер Еревос Аетхер. Завршните костими пак во кои бендот го затвора концертот, ги креираше италијанското дуо Долче и Габана.

Процесот на дизајнирање во првата фаза вклучувал фотографии од костимите што членовите на бендот ги одобриле, а потоа следувала изработка на истите со вистински материјали. Во следната фаза, костимите биле скенирани. Членовите на бендот го снимиле концертот во зелени костими, за понатаму по дигитален пат да бидат облечени со цел да се постигне најреалистичен можен изглед. Така е создаден хибрид помеѓу физичкото и дигиталното, а резултатот е фантастичен и речиси на прв поглед и не може да се препознае дека всушност се работи за аватари и дигитална облека.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ABBA Voyage (@abbavoyage)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ABBA Voyage (@abbavoyage)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ABBA Voyage (@abbavoyage)

Објавено:
7 јуни 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
157 пати