Прекрасната Лејтон Мистер е нoвото заштитно лице на Биотерм

21 октомври 2013

Прекрасната актерка позната по својата улога во мега популарната серија Gossip Girl, Лејтон Мистер е новото заштитно лице на познатиот француски луксузен бренд за козметика Биотерм.

Во новата кампања на брендот, 27 – годишната актерка изгледа едноставно совршено во неверојатно природно издание и со минимална шминка на лицето.

Актерката изјавила дека чувството да се биде дел од еден неверојатен бренд како што е Биотерм е неверојатно моќно, а можноста да бидеш дел од кампања каде изгледаш убаво и без многу шминка е едноставно неверојатна.

Патрик Куленберг од Биотерм неодамна изјави дека Лејтон за нив била едноставно „очигледниот избор“, благодарение на нејзиниот природен талент, енергија и неверојатна убавина.

Најновото нешто од прекрасната Лејтон ќе може да го видиме во 2014 година, кога таа ќе се појави на големото платно во друштво со шармантниот Роберт Дауни Џуниор и Роберт Дувал во The Judge и со Adam Brody во Life Partners.

Мултиталентираната актерка покрај со филм, се занимава и со музика уште од 2009 година, а минатата година беше на турнеја со акустичната фолк група Check in the Dark.

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Сцена