Преслушајте ја најновата песна на Пинк, посветена на нејзината ќерка

8 мај 2021

По долга пауза, Пинк има нова песна, а за неа и нов спот. Пејачката штотуку ја претстави оваа своја работа на јавноста, а во неа, на својата ќерка и' пренесува голем дел од животните мудрости.

Песната го носи името All I Know So Far, а режијата ја потпишува нејзиниот долгогодишен соработник, Дејв Мејерс, кој режираше дури 16 спотови на Пинк. 

Пинк со ова го најави албумот All I Know So Far, на кој ќе бидат снимени верзии во живо од песните од последната турнеја. P!nk: All I Know So Far е насловот на документарниот филм кој исто така е дел од проектот, а ќе излезе на 21 месецов.

Објавено:
8 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
576 пати