Презентација на новата колекција на сестрите Олсен

7 август 2014

Сестрите гостите ги пречекаа на седмиот кат од трговскиот центар во ресторанот „BG“, а ексклузивната ревија ja организираше Front Row Mode, чие седиште е во Дубаи. Покрај ексклузивните специјалитети, гостите можеа да ги разгледаат новите парчиња од пред - есенската колекција на модниот бренд и одблиску да се запознаат со препознатливиот дезен и естетика на сестрите Олсен.

Меѓу присутните гости на презентацијата беа Линда Фарго, Андре Леон Талеј, Сантјаго Гонзалес и други.

Мери Кејт и Ешли Олсен започнаа со дизајнирање во 2009 година кога покрај линијата облека, лансираа и колекција чанти и очила за сонце.

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Сцена