Како изгледа првата венчаница дизајнирана од сестрите Олсен?

19 јули 2014

Познатите сестри близначки Мери Кејт и Ешли Олсен конечно ја дизајнираа првата венчаница која што нивната добра пријателка Моли Фишкин ја носеше на нејзината свадба.

Креативните близначки својот моден бренд The Row го основаа во 2006 – та година, а оттогаш па сѐ до денес направија безброј прекрасни работи, а конечно и нивната прва венчаница.

Првата „The Row“ венчаница сестрите Олсен ја креираа за нивната долгогодишна пријателка, стилистката Моли Фишкин, која пред еден месец ги замени брачните завети со нејзиниот избраник, продуцентот Ашер Левин.

molly-fishkin-wedding-01165145595931_840_472

Од моментот кога Левин ја побарал Моли за жена, таа знаела дека дизајнирањето на нејзината венчаница ќе им ја довери на нејзините пријателки, а тие за неа создадоа бајковит венчален фустан од тантела во традиционална, бела боја.

Кај истата, во неколку наврати може да се забележат неодоливите бохо ноти, а истите се можеби најизразени во делот на широките ракави што ги има венчаницата.

Прекрасната венчаница е целосно изработена од висококвалитетна тантела со интересен отвор во предниот дел кај вратот. Она што особено ги воодушеви сите, е магичниот долг вел од неверојатно убава тантела што дополнително ја украси и онака одличната венчаница.

Шармантната Моли венчаницата ја комбинираше со елегантни Маноло Бланик сандали во крем боја, а шминката и фризурата беа сосема едноставни и нежни.

Како ви се допадна првата венчаница на сестрите Олсен?

Објавено:
19 јули 2014
Категорија: 
Бела соба