Еволуција на стилот на Мери Кејт и Ешли Олсен: Од детски ѕвезди до светски трендсетерки!

28 мај 2014

Во нивната 27 година од животот, близначките Мери Кејт и Ешли Олсен постигнаа многу повеќе од било кој друг во модната индустрија! Од слатки близначки кои што обожуваа да се облекуваат во иста облека, тие денеска се претворија во едни од најеминентните светски трендсетерки!

Нивните почетоци се случија некаде во 1987 – та година, кога се сними и првата епизода од култната ТВ серија „Full House“. Тие продолжија со снимањето филмови и тоа најчесто такви во кои на режисерите им беа потребни слатки близначки.

Како созреваа низ годините, тие создаваа и еден специфичен и уникатен стил што дефинитивно беше забележан од големите имиња во модната индустрија.

Двете заедно, го формираа светски познатиот и успешен моден бренд The Row што денеска се смета за еден од најдобрите и најобожуваните во модниот свет.

Во нивната младост, многу беа ретки случаите кога можевме да ги видиме во различна облека. Како што одминуваа годините, особено во тинејџерските денови, бевме сведоци на еволуцијата на стилот на преслатките близначки кога секоја од нив внесуваше нешто ново и свежо во своите комбинации.

Денеска, тие се познати како обожавателки на слоевитото облекување, уникатните палта и јакни, марамите и крзното наметнато врз парчињата од високата мода.

Нивниот уникатен стил секојдневно ги воодушевува нивните многубројни обожаватели и блогери ширум светот, а нивното „непочитување“ на модните правила дополнително ги инспирира!

Чорапи со сандали, smokey eyes и црн кармин, очила за сонце во затворена просторија...? Тие се секогаш расположени за кршење на правилата и поставување на сопствени кои што се почитувани од многумина во модниот свет.

Ние ги обожуваме поради лансирањето или враќањето на бохо трендот, но и поради лудо добрите парчиња што ги прават за The Row, магичните парфеми со нивен потпис и сѐ останато во што се светски успешни.

kejt-olsen

Во продолжение во галеријата погледнете ја еволуцијата на стилот на близначките Олсен. Кога ви се допаѓаа повеќе, назад во 1987 – та или пак денеска?

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Сцена