Сестрите Олсен го отворија својот прв бутик The Row

12 мај 2014

Познатите близначки кои порано беа актуелни на филмското платно Мери-Кејт и Ешли Олсен, го отворија нивниот прв бутик The Row на добро позната локација  во Лос Анџелес , Melrose Place. Откако, во 2012 година Советот на американски модни дизајнери им ја додели наградата за дизајнерки на годината се чини дека нивната кариера почна да следи една малку поинаква ѕвездена патека со цел да станат сериозни дизајнери со одлични модни перцепции.

Продавницата, насловена според нивниот бренд The Row се наоѓа на елитната Melrose Place, а друштво им прават луксузните продавници на Изабел Марант и Еквипмент.

Како гостинки во петокот вечерта во шоуто на Елен Деџенерис, тие не само што го промовираа најновиот парфем, туку и не можеа да ја скријат возбудата од веќе реализираниот проект и отворањето на првата нивна продавница.

„Навистина беше тежок и макотрпен процес, но среќни сме што се заврши на убав начин. Најповеќе сме фасцинирани од ентериерот на продавницата. Спремаме навистина многу изненадувања“, изјавија близначките.

 

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Сцена