Принцезата Шарлот беше во центарот на вниманието на кралскиот хуманитарен натпревар по едрење во кој меѓу другите, учествуваа и нејзините родители, Вилијам и Кејт.

Таа заедно со нејзиниот брат Џорџ ги бодреше родителите од трибините, кои завршија на трето и осмо место, но секако тоа не ги спречи да прослават со победниците.

Во еден момент, таа ги поздрави присутните со плазење на јазикот на што беше опомената од нејзината мајка Кејт, но сепак присутните не и замерија.

Подеднакво забавен беше и нејзиниот брат Џорџ кој изгледаше преслатко облечен во маичка со пруги и крем панталончиња и шапка од капетанот на едрилицата.

Дел од традиционалниот хуманитарен натпревар во едрење беа и други познати личности меѓу кои и Бер Грилс и комичарот Џон Бишоп кои уживаа во друштво на кралската двојка.

Многумина го забележаа стајлингот на Кејт кој се состоеше од куси панталони во какви не сме навикнати да ја гледаме, но кои ѝ прилегаа совршено благодарение на нејзиниот секогаш беспрекорен и негуван изглед.

Принцот Вилијам изгледаше подеднакво спортски како и неговата сопруга во бела Поло маичка со јака и црни куси панталони, но повеќе од сѐ беше забележителен нивниот прекрасен однос и позитивната енергија со која пленат каде и да се појават.

Погледнете како изгледаше кралското семејство на хуманитарниот натпревар по едрење.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
9 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.608 пати