Принцот Хари и Меган нема да го објават раѓањето на бебето

12 април 2019

Принцот Хари и Меган Маркл преку официјално писмо ги известија нивните обжаватели дека раѓањето на нивното бебе ќе биде целосно приватно, односно нема да откријат ништо сè додека прво не прослават со нивното семејство.

Нивното прво бебе треба да се роди кон крајот на овој месец, а кралската двојка не го открива полот, односно тврди дека ниту тие не го знаат.

Getty images

Во официјалното писмо од Бакингемската палата тие велат дека се благодарни за сите прекрасни желби што ги добиле за нивното бебе од целиот свет.

Понатаму, тие велат дека решиле раѓањето на нивното бебе да биде целосно приватно и дека ќе ги споделат убавите вести со сите откако прво ќе имаат можност да прослават со поблиското семејство.

Овааа одлука е прва ваква во потесното кралско семејство, откако долги години познатите членови правеа официјални фотографии со новиот член веднаш откако ќе излезат од познатата болница St.Mary.

Getty images

Конкретно, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се фотографираа пред болницата за огромниот број медиуми со сите три деца.

Оваа одлука доаѓа по осамостојувањето на Хари и Меган, односно откако пред само неколку дена се одвоија од останатиот дел од семејството и почнаа самостоен живот во палата во Виндзор.

Објавено:
12 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
997 пати