•
23 април 2020
Принцот Луис денеска го прославува својот втор роденден. По тој повод, на социјалните мрежи на британското кралско семејство, се појавија четири нови фотографии од принцот кој е веќе право момченце.
Иако ја имаат достапноста на професионален фотограф кој работи за семејството, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, секогаш сака за роднедените на децата и посебните моменти во нивното семејство да ги одбележи со фотографии што самата ги направила.
Така, овој пат, принцот Луис е фотографиран како прави отисок од раката во боја на виножитото и неверојатно е сладок.
Своја посебна честитка на социјалните мрежи упати и принцот Чарлс.
View this post on Instagram
Погледнете ги фотографиите.
фото извор: @kensingtonroyal;