Принцот Вилијам: Тагата е најболното искуство што дете може да го искуси

19 октомври 2015

Во чест на 21-вата годишнина на Child Bereavement UK, за чие основање и функционирање го помогна принцезата Дајана, викендов беше организиран банкет на кој се појави и принцот Вилијам.

Тој го искористи овој свечен момент и за првпат отворено и јавно зборуваше за својата мајка. Принцот се осврна на големата загуба што ја доживеал кога имал само 15 години.

-Она што мајка ми го препозна тогаш, а што јас го разбирам сега, е дека тагата, жалоста е најболното искуство што секое дете или родител може да го искуси. Пред 21 година, минатиот месец, мајка ми беше присутна на лансирањето на Child Bereavement Charity. Петнаесет години подоцна, јас ја имам честа да станам покровител на оваа организација и да го продолжам она на што мајка ми се посвети, на хуманитарната работа, што ми претставува големо задоволство  – рече Вилијам, кој е посебно поврзан со оваа организација.

Тој не ја пропушти можноста да каже колку Дајана била посветена на хуманитарната работа.

-Мајка ми беше предодредена да им помага на оние на кои тоа им е навистина потребно  и ќе беше бескрајно горда, како што сум и јас, што оваа организација трае дури 21 година.

Дајана на отворањето на Здружението пред 21 година

Принцот го поздрави и трудот на волонтерите што им помагаат на семејствата што се соочиле со губиток на нивните сакани.

-Како татко на две мали деца, сега уште повеќе го ценам тоа – потенцираше Вилијам.

Во продолжение погледнете го и видеото:

 

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.325 пати