Прогноза: Што би носеле познатите на Оскарите?

5 февруари 2015

Приближувајќи се кон крајот на сезоната на награди, која секако ќе биде финиширана со најпрестижното филмско признание Оскар, во модниот свет се повеќе се зголемува возбудата околу изгледот на дамите од филмската индустрија на црвениот килим.

Харперс Базар направи модна прогноза за актерките кои ќе бидат во фокусот на јавноста на 22. Февруари, за кога е закажано и 87-то издание на  наградите на Академијата за филмски уметности и науки или повеќе познати како Оскари.

Според тоа какви соработки оствариле холивудските дами со познати модни куќи на претходните манифестации и врз основа на нивниот стилски сензибилитет, уредничкиот тим на модниот магазин предвидува што да очекуваме од нив на црвениот килим.

Лора Дерн

Метју Вилјамсон, Зак Посен, SAFiYAA Метју Вилјамсон, Зак Посен, SAFiYAA

Лора Дерн не се плаши да експериментира со бои и принтови, па затоа од Харперс Базар порачуваат дека би сакале на претстојното издание на Оскарите да ја видат во едно романтично издание типично за старуот холивуд, во фустан со отворен грб со ситен принт од пред-есенската колекција на Каролина Херера за 2015.

 

Мерил Стрип

Ланван и Стела Мекартни Ланван и Стела Мекартни

Ланван е еден од омилените брендови на генијалната Мерил Стрип кога е во прашање нејзиниот изглед на црвениот килим. Па, зошто и овој пат да не ја очекуваме истата соработка. Единствено, може да се направи исклучок во однос на бојата, па виолетовата иако не е чест избор за црввен килим, со сигурност Мерил ќе ја износи достоинствено.

 

Рис Витерспун

Ланван, Зак Посен, Келвин Клајн

Рис Витерспун секогаш наоѓа начин на црвениот килим да ја истакне својата совршена силуета. Па омилени и се токму оние тоалети кои ја следат линијата на силуетата и се во интересна колор-блок комбинација. Оваа авангардна црна тоалета од Armani Privé со длабоко отворено деколте и комплициран крој е една од идеалните варијанти за актерката која важи за миленичка на Холивуд.

 

 Џулијан Мур

Сен Лоран, Шанел, Живанши Сен Лоран, Шанел, Живанши

Џулијан Мур сака да се забавува кога го избира својот стајлинг за црвен килим. И речиси секогаш тоа резултира со непогрешни комбинации. Најчесто соработува со нејзините блиски пријатели Том Форд и Рикардо Тиши кои одлично го познаваат нејзиниот стилски сензибилитет и немаат проблем експресно да ја решат нејзината совршена комбинација за престижните награди. Овој пат може да очекуваме Џулијан да ја видиме во елегантна црна тоалета со голи рамена од пред-есенската колекција за 2015 година на Живанши.

 

Кира Најтли

Џамбатиста Вали, Шанел, Делпосо Џамбатиста Вали, Шанел, Делпосо

Кира Најтли е препознатлива по нејзиниот романтичен стил што често подразбира светли тонови и тоалети во ментол нијанси украсени со декоративни пеперутки или флорални елементи, за што периодов добиваше што позитивни што негативни критики. На претсојното издание на Оскарите, се очекува да ја видиме во една посмела и женствена варијанта. Можеби најсоодветниот избор е раскошен фустан од црвено кадифе од последната кутур колекцијата на Валентино.

 

Фелисити Џоунс

Баленсиага, Прада, Диор Баленсиага, Прада, Диор

Фелисити Џоунс периодов има пасија кон волуменозните и впечатливи здолништа во А крој, што е особено тренди и чест избор кога се работи за црвениот килим. Новата колекција на Диор од високата мода, прикажа широк избор на фустани во тој фазон. Една совршена варијанта за актерката е токму таква тоалета со корсетиран горен дел, голи рамена и волуменознен долен дел во мастило-сина боја.

 

Ема Стоун

Џејсон Ву, Ланван, Валентино Џејсон Ву, Ланван, Валентино

Црвенокосата убавица, Ема Стоун со секое свое појавување не' изненадува со умешноста да направи одличен стилски спој и тоа да го носи со целата своја грациозност. Со нетрпение чекаме да видиме со што ќе не воодушеви на нејзиното следно појавување на Оскарите. Таа не се плаши да експериментира и да си погра и со кроевите и со боите, па Скјапарели за неа би бил одличен избор. Долга црна тоалета, „попрскана“ со шарен ситен принт звучи забавно!

 

 

 

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Сцена