Променетите амбиции на Том Форд

2 јуни 2014

Во однос на фотографијата и предностите кои ги нуди фотошопот, според американскиот дизајнер придонесоа акцентот да не се става на моделот, туку на сликата. А во однос на маркетингот во модата пресудна е комуникацијата која придонесува за реализација на идејата. Во април годинава, Том Форд стапи во брак со Ричард Бакли со што на некој начин ја заокружува 20 годишната романса, а  со тоа го менува и статусот на неговиот син, за кого смета дека е неопходно да има двајца родители присутни во неговиот живот.

Со доаѓањето на синчето Џек во неговиот живот, модниот дизајнер целосно ги променува своите гледишта и работите кои претходно го завземале неговото најголемо внимание, сега се ставени во втор план. Интересно е да се знае дека Форд повеќе не е заинтересиран за купување на луксузни добра и водење на живот на висока нога, а тука спаѓа и прекинот на користење на ботоксот, со дозволување староста полека да се оцрта на неговото лице.

Иако е еден од најдобрите американски дизајнери, сепак долгите години поминати на работа во Европа се пресудни за поврзаноста со културата и традицијата која европјаните ја имаат, а е длабоко врежена во неговиот начин на креирање и функционирање во модната сфера.

Во однос на креациите кои голем број познати дами ги носеле на црвен килим, Том Форд објаснува  дека бирањето на соодветен фустан е долг процес кој бара голема внимателност, а и добар избор на стилист кој ќе направи вистински избор на аксесоари и правилна шминка и фризура. Речиси цела година дизајнерот отсуствува во бирањето на креации за црвениот килим бидејќи смета дека ваквиот начин на рекламирање, беше пресуден пред десетина години.

Исто така Том Форд е традиционален во однос на користење на технологијата на денешните ревии, особено со мобилните телефони кои според него, пречат во континуираното следење на ревијата благодарение на блицот од телефоните. Според него, се губи вистинската вредност, а и трудот кој самиот дизајнер го вклучил во креативниот процес.

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Сцена