Рајан Рејнолдс со семејството на „Булеварот на славните“

16 декември 2016

Актерот Рајан Рејнолдс вчера доби своја ѕвезда на „Булеварот на славните“, а тој момент го прослави заедно со целото семејство, што воедно е и прво нивно јавно појавување.

Светската јавност сето внимание го насочи кон нивните две  ќерки, Џејмс која денес полни две години и нејзината помала ќеркичка, чие име славната двојка сè уште не го открива. Рајан и Блејк досега воопшто не сакаа да ги експонираат во јавност, па може да се рече дека тие малку му го „украдоа“ моментот на Рајан.

Сепак, овој момент беше за сите посебен, а актерот не ја пропушти можноста да ѝ се заблагодари на својата сопруга.

-Сакам да ѝ се заблагодарама на жена ми, Блејк, која ми е сè на светот. Ти си најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Ти правиш сè да изгледа подобро. Ти правиш сè во мојот живот да биде подобро. Ти ми ги даде две најпрекрасни деца што некогаш се надевав дека ќе ги имам – изјави емотивно актерот.

 Блејк возврати со порака преку социјалните мрежи:

„Гордост е мал збор за да опише како се чувствувам денеска. Твоето постојано влијание е неспорно, секогаш било, но сега имаме фенси „ѕвезда“ да го покаже тоа“, напиша актерката.

Фотографиите од ова среќно семејство, што многумина ќе речат е реткост во Холивуд, ја освои публиката ширум светот.

Објавено:
16 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
692 пати