Овој пат ќе дадеме краток опис за траењето на браковите, децата и разводите на познатите манекенки.
Во 2011 Карен Елсон и Џек Вајт официјално соопштија дека ќе се разведат по 6 години брак. Парот кој има две деца дури направи и забава во чест на времето кое го поминале заедно. Но, во 2013 година Керен успеа да обезбеди забрана за приближување од страна на Вајт бидејќи била загрижена за сопствената и безбедноста на своите деца.
Моделот Бјанка се омажи со Мик Џегер на 12 Мај 1971 година, а се разведоа 7 години подоцна поради аферата на пејачот со маненекенката Џери Хал. Подоцна Бјанка имаше изјавено дека нејзиниот брак бил грешка и дека тој завршил дента кога стапила во брак со Мик.
Ел Мекферсон се запозна со францускиот фотограф Гилс Бенсимон на сетот на снимањето за магазинот Elle во 1984 година, стапија во брак во 1986, а се разведоа три години подоцна. Потоа манекенката имаше долга врска со Арпод Бусон со кого има два сина, но никогаш не стапија во брак. Се разделија во 2005 година, а сега Ел е верена со милионерот Џефри Софер.
Американскиот супермодел Синди Крафорд се омажи за холивудскиот актер Ричард Гир на 22 години и се разведоа 4 години подоцна. Во шоуто на Опра Винфри, Синди објасни дека била премногу млада кога стапила во брак и дека сеуште не знаела што сака да постигне во животот, а дека актерот тогаш имал 37 години. Денес супермоделот е среќно омажена за Ренди Гербер и имаат две деца.
Рускиот модел Наталија Водјанова во текот на врската со милионерот Џастин Портман остана бремена, а во текот на бракот кој заврши по 9 години имаа уште две деца.
Тексашкиот модел Џери Хал започна врска со Мик Џегер во 1977 година, а стапија во брак дури во 1990 година. Се разведоа во 1999 година, а од бракот имаат 4 деца.
Канадскиот супермодел Линда Евангелиста во 1987 година на 22 годишна возраст стапи во брак со Џералд Мари. Се разведоа шест години подоцна, а Линда никогаш повеќе не се премажи, но има син од неодамнешната врска со францускиот милијардер, Францис Хенри Пинаулт.
Вториот брак на германскиот модел Хајди Клум со пејачот Сил заврши во 2012 година, а од бракот имаат 3 деца. Првиот брак на Хајди со Рик Рипино траеше 5 години, а сега е во врска со телохранителот, Мартин Кристен.
Моделот Џоди Кид по 4 годишна врска се омажи за Ајдан Батлер, но се разведоа по 18 месеци.
Во 1990 година Род Стјуарт (45) стапи во брак со 21 годишната Рејчел Хантер. Парот имаат две деца, а официјално се разведоа во 2006 година.