Рејчел Зое ја промовираше својата нова книга
•
25 март 2014
Во кругот на своите пријатели, соработници и претставници од медиумите, стилистката Рејчел Зое во Њујорк ја промовираше својата најнова книга насловена „ Инспирација и совети за секојдневниот стил“.
-Се надевам дека токму оваа книга ќе се најде во рацете на повеќе жени , а советите во неа ќе бидат применувани во реалното секојдневие. Модната е комплексна и затоа секогаш е позитивно да знаете нешто плус што ќе ви помогне во зголемување на самодовербата. Со оваа втора книга мислам дека веќе како автор се качив на некое друго ниво, изјавува Рејчел.
Оливија Палермо, Ана Софија Роб, Карен Елсон, беа само мал дел од присутните кои дојдоа да и ја дадат поддршката на авторката и стилистка Зое.