Дека никогаш не ги заборава пријателите и семејството таа докажа и викендов кога се појави на свадбата на најдобрата пријателка како деверица.
Облечена во прекрасен син тесен фустан, Ријана беше совршена деверица заедно со уште неколку другарки на свадбата во родниот Барбадос.
Како и секогаш, таа пристигна во стил на свадбата, облечена во тесен фустан кој и прилегаше неверојатно, во комбинација со високи потпетици и залижана фризура во репче.
Музичката дива ги истакна светлите очи со сино моливче и впечатливи трепки, со нежен бронзер и розов кармин.
Сите шест деверици на нејзината другарка беа супер расположени и постојано објавуваа фотографии од венчавката на социјалните мрежи.
Шармантната Ријана по завршувањето на свадбата веднаш замина назад во Америка за да присуствува на долгоочекуваните МТВ Видео музички награди кои треба да се одржат вечерва.
Извор и фото: Daily Mail