„Малку“ поинаква Лејди Гага

12 јуни 2013

Венчавка на блиска пријателка во Мексико, беше причината ексцентричната Лејди Гага да се облече како секоја нормална девојка. Деверица на невестата Бо О Конор беше токму Гага, која облечена во макси розов фустан не се издвојуваше од останатите деверици.

Ова е еден од настаните на кои популарната пејачка не се појави во некој откачен костим, туку ја испочитува церемонијата со тоа што се облече нормално без да се издвојува од останатите гости.

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Сцена