Роберто Кавали – Тоа што не е модерно е американско!

28 ноември 2013

Од друга страна интересно е да се знае нивното размислување за развојот на модата. По тој повод Роберто Кавали одржи предавање на Универзитетот Оксфорд каде го кажал својот став за минимализмот и модата во Америка.

Дизајнерот отворено проговорил за проблемот кој го имаат младите дизајнери – „Не е фер. Големите компании им плаќаат пари на познатите ѕвезди да носат нивни креации на црвените килими. Младите дизајнери тоа не може да си го дозволат и токму затоа нема да го имаат истиот успех. Исто така не ми се допаѓа што денес постои голем адвертајзинг . Јас не сакам на некоја жена да и сугерирам што да носи, сакам таа сама да одбере парче со мој  потпис“ – кажал дизајнерот.

Во однос на американскиот пазар, Кавали има многу интересен став -  „Во модата ми се допаѓа кога нешто е различно и не е минималистичко. Себе си се доживувам како планина во однос на минимализмот. Модата што не е откачена не е модерна, а тоа што не е модерно е американско“ – додал Роберто.

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Сцена