Во рамки на модната недела во Париз, се одржа и модна изложба во чест на Ирвинг Пен, на која присуствуваше и Кајли Миног.
Во последно време не може често да се види во јавноста, па овој момент медиумите одлично го искористија, особено имајќи предвид дека кон почетокот на годината изјави дека се разделува од партнерот Џошуа (29), за кој сметаше дека е тој вистинскиот.
Австалијската 49-годишна пејачка се појави во долг, по малку транспарентен фустан во боја на праска, украсен со реси.
Со едноставна фризура и сандали во беж нијанса го надополни стајлингот, но дел од модните критичари прокоментираа дека понежен избор на сандали би бил подобар.
За потсетување, двојката се запозна во 2015 година, во едно телевизиско шоу, а само неколку месеци ја објавија свршувачката.
Како и да е, пејачката ги доби сите пофалби за изгледот. Сепак, не беше единствената дама на настанот, која го привлече вниманието со изгледот.
Меѓу присутните беше и Алесандра Амбросио, која се појави во прекрасен црн мантил-фустан, потоа Сара Сампаио, чиј избор беа сиви панталони и краток топ од истата ткаенина.
Ферги се појави во машко црно одело, додека Оливија Палермо во здолниште и блејзер со дворедно закопчување.
Погледнете: