Актерката Сара Џесика Паркер неодамна беше гостинка во шоуто „ Late Night with Seth Meyers“, а вниманието повторно го привлече со својот изглед.
Овој пат, нејзиниот избор беше фустан долги ракави, должина до под колена и V-израз на деколтето. Овој сигурен избор е всушност ризичен поради изборот на материјал.
Креацијата е изработена од материјал со светки во сребрена нијанса и искомбинирана со сребрен ремен што ја прави уште повпечатлива . Паркер дополнително ја истакнува комбинацијата со сребрен масивен накит, што често знае да биде ризик, бидејќи може да изгледате пренападно, или ако имате изразени облини, визуелно да изгледате покрупни, но 53-годишната актерка тоа знае како да го носи.
Комбинацијата ја смири со бели класични чевли и сив мат капут.
Како ви се допаѓа?
фото извор: www.justjared.com;