Војвотката од Сасекс, Меган Маркл ја лансираше и промовираше нејзината нова колекција за деловни жени наречена Smart Set, на која соработуваше со познати британски дизајнери.
Во колекцијата се сместени пет есенцијални парчиња што секоја деловна жена треба да ги има во својот плакар, а целиот проект е во организација на Smart Works, позната британска невладина установа.
Цените на парчињата од колекцијата кои очекувано се веднаш распродадени, се движат од 20 долари за едноставен, но стилски фустан па сѐ до 245 долари за црно сако.
Со секое продадено парче, едно оди во организацијата со цел да им се помогне на невработени жени кои сакаат да изгледаат добро кога одат на интервју за работа, а немаат соодветна облека за тоа.
Колекцијата Меган ја промовираше на интересен настан во Лондон со што и официјално стави крај на породилното отуство и се врати на кралските обврски.
Очекувано, на настанот таа пристигна облечена во парчињата од колекцијата што ѝ прилегаа одлично – едноставна, но ефектна бела кошула, црни елегантни панталони и додатоци како кафен ремен и високи потпетици.
Она што сите го забележаа е дека таа повторно ѝ оддаде почит на принцезата Дајана со златните обетки во форма на пеперутка што одамна ѝ припаѓаа токму неа.
Деновиве на Инстаграм профилот на кралската двојка од Сасекс беа објавени фотографии како течеле подготовките за колекцијата, а истите ги гледате во продолжение.
View this post on Instagram