Секси едиторијал со Синди Крафорд

14 јуни 2013

Американскиот супермодел, Синди Крафорд сними едиторијал за јунското издание на магазинот „Мјуз“. Четриесетиседумгодишната манекенка позираше на кровот на зграда, во класични парчиња, фустани, јакни и лежерни блејзери. Фенди, Гучи, Ралф Лорен, Диор, Том Форд, Армани и Џил Сендер се креаторите чии модели ги носеше моделот.

За одличните фотографии за летното издание на списанието се погрижи Мариано Виванко, додека за стајлингот се погрижи Бет Фентон.

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Сцена