Како што и сите очекуваа, ангелите на Викторија направија вистински спектакл во Париз на вчерашното шоу на кое присуствуваа голем број познати личности.
Прекрасните дами како и секогаш изгледаа фантастично и неверојатно секси во костимите подготвени специјално за нив и крилјата без кои не може да помине ниту едно шоу на Викторија Сикрет.
Спектаклот се одржа во Grand Palais во Париз, а на пистата прошетаа некои од најпознатите модели на Викторија Сикрет меѓу кои и Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Ирина Шајк и новите ѕвезди Кендал Џенер, Џиџи и Бела Хадид.
Ѕвезда на вечерта беше младата Јасмин Токс која годинава ја имаше честа да го носи најскапиот градник кој чинеше неверојатни 2.4 милиони долари, а целосно беше изработен од скапоцени камења.
Она што беше главна вест вечерта беше стомакот на Ирина Шајк која очигледно е бремена со првото дете со холивудскиот актер Бредли Купер, но сѐ уште никој не го потврди тоа. Имено, ова беше прв пат манекенката да се појави на ревија на Викторија Сикрет.
Вечерта блеснаа и сестрите Џиџи и Бела Хадид кои во моментов се едни од најбараните модели, па воопшто и не беше чудно што тие добија и најмногу овации од публиката.
За вечерта да биде уште поспектакуларна, за музичкиот дел се погрижија Бруно Марс, Лејди Гага и поранешното момче на Бела, The Weeknd кој предизвика бура емоции кај манекенката.
На светкавата писта се појави и младата Кендал Џенер која смени две комбинации со долна облека, а и за двете мораше да носи крилја со кои очигледно добро се снајде.
Секоја девојка во свој стил беше вистинска дива на пистата, секоја од нив позитивна и со тело какво што секоја девојка може да посака.